Тодороски со трансфер од Спартак во ТСЦ за 450.000 евра!

224

Секако дека добрите игри во последно време беа причина Андреј Тодороски да биде еден од најпосакуваните играчи на Спартак Суботица во овој зимски преоден рок. Македонецот со австриски пасош и со кого ФФМ имаше контакти за играње на нашата репрезентација, направи трансфер во ТСЦ за 450.000 евра и плус 20 насто од следниот трансфер.

Медиумите во Србија овој трансфер го нарекуваат и „бомба – трансфер“ со оглед на тоа дека Тодороски заминува во поголем клуб а и отштетата и тоа како не е мала.

ПретходноПред стартот на Купот на Македонија, Кожув со апел до фановите
СледноВеби Ислами: “Детето“ на Шкендија со потпис за шампионот! (ФОТО)