„Вардарки“ по пет години повторно го освоија Купот на Македонија

76

По пауза од пет години, кошаркарките на Вардар повторно се закитија со трофејот од кошаркарскиот Куп на Македонија. Во женското финале на завршниот турнир во Гевгелија, избраничките на Александар Ашаданов славеа против екипата на Баскет Кам со 69:55 и дојдоа до првиот трофеј во новата сезона.

Гевгелија повторно се покажа како среќна за скопските „црвено-црни“, затоа што „вардарки“ својот последен трофеј во Купот го освоија во истата оваа сала во 2019 година, кога беа подобри од екипата на Бадел. Попладнево во составот на Вардар извонредно одигра двоецот Селцова – Тасевска, кои беа нерешлива енигма за противничките од Каменица.

Селцова средбата ја заврши со 25 поени, 8 скока и 2 асистенции, додека Елена тасевска постигна 22 поени со 9 скока и една асистенција. Кај противничкиот состав, Кметовска го заврши мечотсо 24 постигнати поени.

Претходно„Сити Парк Бојс“ за дебаклот на Работнички во Купот: Проблем не е поразот, проблемот сте вие!
СледноУште еден медал за нашиот атлетичар: Трајковски освои бронза на Балканското првенство! (ВИДЕО)