И Атлетико „киксна“: Селта извади реми на тешкото гостување во Мадрид

80

По Реал Мадрид, денеска во Ла Лига „киксираше“ и нивниот лут градски ривал, Атлетико (М).

Момците на Чоло Симеоне одиграа 1:1 на домашен терен против Селта. Слично како и кај Реал (М), и Атлетико остана со играч помалку и тоа уште во петтата минута на мечот, кога директен црвен картон доби Пабло Бариос.

Јаго Аспас од пенал ја доведе Селта во водство, а на крајот Сорлот во 82. минута му донесе голем бод на Атлетико.

Ова сценарио и одговара на Барселона, која има шанса да го преземе водството на табелата доколку во понеделник го победи Рајо Ваљекано пред своите навивачи.

ПретходноДерби без голови: Баерн преживеа во Леверкузен
СледноНено со четири поени во победата за куп-финале на Милано