Дефанзивецот Серхи Роберто потврди дека е подготвен да направи отстапки за да и помогне на Барселона во финансиската криза, а со тоа да потпише и нов договор.
Сегашниот договор на серхи Роберто е до јуни 2022 година. 29-годишниот фудбалер се согласи на намалување на платата и наскоро треба да се потпише новата соработка.
Преговорите за нов договор се веќе планирани, а се очекува договорот да биде потпишан до крајот на месецот и ќе биде со важнот на нови две сезони, заклучно со 2024 година.