И новиот НБА Ол-стар формат не донесе ништо посебно, а мечот од т.н. финале заврши со победа на избраниците во тимот на Шекил О’Нил. Стеф Кари, Кевин Дурант, Џејмс Харден и останатите од тимот, но без Леброн Џејмс кој шокантно се повлече пред натпреварот, во финалето го победи Тимот оставен од Черлс Баркли, главно од интернационалци Ол-стар играчи со 41:25.
НБА се обиде да го направи Ол-стар викендот поинтересен, но промената што ја видовме не ги израдува љубителите на кошарката. Играчите повторно делуваа незаинтересирано, а имаше само неколку потези на кои навивачите можеа да аплаудираат.
Стеф Кари стигна до титулата МВП , а Џејсон Тејтум беше импресивен во финалниот меч. Кошаркарот на Бостон го заврши финалниот меч со 15 поени, а за одбележување е дека постигна осум на почетокот на натпреварот, кога неговиот тим го отвори мечот со серија од 11:0 и го реши прашањето за победникот. Стеф Кари постигна 12 поени, а на другата страна Виктор Вембањама и Карл-Ентони Таунс имаа по 11.
Никола Јокиќ беше многу тивок за време на полуфиналниот и финалниот натпревар во новиот Ол-стар формат. Првиот меч од вечерта го заврши со два поени, исто како и на вториот. Тимот на Шекил О’Нил во полуфиналето ги совлада Ѕвездите во подем (42:35), додека тимот на Чак ги совлада НБА Младите ѕвезди (41:32).