Кошаркарите на Швајцарија вечерва во претпоследното коло на претквалификациите за СП 2023 во Скопје ја совладаа Словачка со 65:60 и со тоа го оставија до крај отворено прашањето за двете селекции кои ќе продолжат во следната фаза од оваа група.
Македонија утре против Словачка може и да загуби, а да помине како втора во групата, но никако не смееме да си дозволиме дебакл, затоа што во тој случај со полоша кош-разлика може да останеме на третото место.
Според пресметките, Македонија нема да оди вос ледната фаза само доколку утре против словачка загуби со 28 или повеќе кошеви разлика. Да се надеваме дека тоа нема да се случи и дека момците на Драган Бајиќ со победа ќе го потврдат место во следната фаза од квалификациите.