Не било до него: Ентони во Бетис трипати по ред е прогласен за Играч на натпревар!

227

Бразилецот Ентони, кој беше прогласен за најголемо трансфер-промашување во Манчестер Јунајтед во последната декада, и третпат е прогласен за Играч на натпревар по своите одлични настапи во екипата на Бетис. 

Бразилецот минатиот месец беше испратен на позајмица во составот од Андалузија и успеа во три натпревари во Ла Лига трипати да биде прогласуван за Играч на натпреварот. Тоа се случи и на последниот меч овој викенд против екипата на Реал Сосиедад. 

Имено, крилниот напаѓач, го отвори резултатот во 51. минута од натпреварот, а во 69. минута му асистираше на Марк Роке за нов гол. Бразилецот претходно беше избран за најкорисен играч и на натпреварите против Селта и Атлетико.

ПретходноПреживеа срцев удар, му рекоа да не игра фудбал, но тој се врати и постигна гол (ВИДЕО)
СледноОрганизаторот на Купот најави дека денеска ќе ги рефундира парите за гледачите кои не влегоа во салата „26 Април“