Сопругата на Шумахер бара поголема казна за некогашното обезбедување!

375

Сопругата на Михаел Шумахер, Корина проговори откако судот во Германија, осуди тројца уценувачи на семејството на познатиот возач на Формула 1.

„Се пожаливме на преблагата казна за г-дин Ф. Според наше мислење, тој беше мозокот зад сето ова. Бевме најмногу шокирани од огромната повреда на довербата. Треба да добие казна која во иднина ќе го поучи да не го стори истото“, изјави за Дејли Мејл.

„Господин Ф“ во изјавата се повикува на 53-годишниот Маркус Фриче, кој работел како обезбедување во семејството Шумахер до март 2021 година. Помеѓу октомври 2022 и мај 2024 година, тој продавал фотографии и видеа на кои е прикажан легендарниот возач пред и по неговата несреќа на скијање во 2013 година, која наводно ја копирал без дозвола додека бил вработен во семејството на возачот.

Главниот обвинет Јилмаз Т., исто така 53-годишен, се обидел да изнуди 15 милиони евра од семејството на возачот заканувајќи се дека ќе објави фотографии и видеа. Неговиот 30-годишен син Даниел му помогнал да ги испрати информациите од е-пошта која технички не може да се следи.

Главниот обвинет Јилмаз е осуден на три години затвор, неговиот син е осуден на една година, а 53-годишниот обезбедувач е осуден на две години условно.

Од несреќата што се случи кон крајот на 2013 година во францускиот зимски ски-центар Мерибел, Михаел Шумахер не е виден во јавноста. Седумкратниот Ф1 шампион се здоби со тешка повреда на главата, речиси шест месеци помина во индуцирана кома и оттогаш се лекува во својот дом во Швајцарија.

ПретходноЈунајтед нема да го продолжи договорот на Данецот!
СледноСудиската организација при ФФМ со реакција на соопштението на ФК Шкендија