Капитенот на Звезда замина во Кина

323

Дефанзивецот на Црвена Звезда, и воедно и капитен на тимот од Белград, Урош Спајиќ заминува од „Рајко Митиќ“. Се сели во Кина каде што ќе стане дел од тимот на Пекинг Гуан.

Оваа информација ја потврди и самиот клуб, кој што му се заблагодари на Спајиќ за досегашните настапи со желба за понатамошен успех.

Спајиќ е инаку дете на Црвена Звезда кој што по интернационалната кариера се врати во својот матичен клуб, а еве сега повторно заминува за и тоа како добра понуда која што стигна на адреса на клубот.

 

ПретходноАнчелоти: Далеку помирен сум со судиите во ЛШ
СледноЛинекер: Ливерпул е најголем фаворит за трофејот од ЛШ, по нив се Реал, Интер, Атлетико…