Кошаркарите денеска на пат кон Талин, Војдан со порака: Петте поени не се недостижни, тоа се два напади!

336

Македонската кошаркарска репрезентација денеска заминува за Талин каде во петок ќе го одигра претпоследниот квалификациски меч за пласман на Европското првенство 2025 година. Противник на „црвено-жолтите“ ќе биде Естонија, селекција која мора да се победи над пет поени разлика за да сонот Европско првенство продолжи.

Нашите кошаркари добро го познаваат квалитетот на противникот, знаат каква игра треба да прикажат доколку сакаат да се вратат со победа. Капитенот, Војдан Стојановски

„Нема да биде лесно, бидејќи станува збор за добра репрезентација која игра добра кошарка и ќе има поддршка од своите навивачи. Наша задача е да искочиме на терен и да бидеме спремни и да одговориме на нивната црвста и агресивна игра. Пет поени разлика не е нешто недостижно, тоа се два напади. Ако одиграме и ние црвсто во одбраната и делуваме како едно, сигурен сум дека ќе дојдеме до победа“, ни изјави Војдан Стојановски. 

За разлика од првата средба во Скопје, во составот на Македонија ќе бидат двајцата евролигашки кошаркари, Ненад Димитријевиќ и Ти-Џеј Шортс. Нивниот огромен квалитет треба да донесе поинаква и победничка игра.

„Верувам дека Нено и Шортс ќе функционираат добро на терен и ќе се надополнуваат, бидејќи станува збор за квалитетни кошаркари со евролигашко искуство“, вели Војдан.

ПретходноГвардиола ги коментира пцовките и црвениот картон на Белингем: Англискиот ми е добар
СледноКомпани: Мизерен резултат!