Вечерва во вообичаените термини се играат последните четири реванш средби од плеј – офот во Лигата на Шампионите. Ќе видиме кои четири екипи ќе им се придружат на Баерн Минхен, Бриж, Феенорд и Бенфика во следната фаза во ЛШ, поточно во 1/8 финалето.
Јасно е дека цел фудбалски свет е во исчекување на она што вечерва ќе се случува на “Сантијаго Бернабеу“, каде Реал Мадрид го дочекува Манчестер Сити. “Кралевите“ почнуваат со предност од 3:2, заработена минатата недела на „Итихад“. Далеку од тоа дека се е готово, Пеп Гвардиола и со своите момци секако дека нема да се предаде така лесно, но на потег е четата на Карло Анчелоти.
Очекуваме нов спектакл во изведба на Мбапе, Винисиус, Белингем, Халанд, Мармуш, Де Брујне…уф, едвај чекаме да почне.
ПСЖ и Дортмунд ќе стават заверка на пласманот во осминафиналето, ако се знае дека на првите мечеви и тоа како гости славеа со по 3:0 кај Брест и Спортинг. Јуве гостува кај ПСВ со предност од првиот меч со 2:1.
Ќе има тука и тоа каква борба.
ДВОЈКИ ЗА ВЕЧЕРВА
18:45 Дортмунд – Спортинг (3:0)
21:00 ПСЖ – Брест (3:0)
21:00 ПСВ – Јувентус (1:2)
21:00 Реал Мадрид – Манчестер Сити (3:2)
*Во загради се резултатите од првите мечеви