По хет-трикот синоќа со кој го однесе Реал (М) во осминафиналето на Лигата на шампионите, Мбапе доби низа пофални критики од тренерот на „кралскиот клуб“, Карло Анчелоти. Италијанецот одговори на споредбата на Килијан Мбапе со Кристијано Роналдо.
„Тој има квалитет да ги постигне бројките на Роналдо, но ќе мора да работи напорно бидејќи Кристијано ја постави границата многу високо. Килијан е многу голем ентузијаст. Сака да игра за овој тим и е способен да го достигне нивото на Роналдо. Сепак, нема да биде лесно. Треба да работи многу“, изјави тренерот на Реал Мадрид.
Французинот има 28 гола на 38 натпревари за мадридскиот клуб.