Денеска финална битка за осминафинале во Лигата на Европа и Конференциската лига

71

По двата дена фудбалски возбудувања во Лигата на шампионите, денеска се играат реванш натпреварите од плејофот за 1/8 финалето во Конференциската лига и Лигата на Европа. На програмата се по осум натпревари во двете натпреварувања, по кои ќе ги добиеме патниците во финалната рунда.

Во Лигата на Европа еден од највозбудливите дуели ќе се одигра во Рим, каде Рома го пречекува Порто по оние 1:1 на првиот меч на „О’Драгао“. Галатасарај ќе има многу тешка задача да ја надомести негативата од 1:4 од првиот меч со АЗ Алкмар, додека Фенербахче со комотни 3:0 отпатува на гости во Белгија против Андерлехт.

Во Конференциската лига, Јагиелонија на нашиот Дарко Чурлинов со голема предност од 3:1 го пречекува тимот на Бачка Топола и веќе може да размислува на осминафиналето во ова натпреварување. Бетис уште еден од тимовите што може да се чувствуваат со една нога во следната фаза, имајќи удобно водство од три гола пред нивниот домашен натпревар против Гент. Германски Хајденхајм е во сериозни проблеми во Бундеслигата, но од друга страна добро се претставува во Европа и има водство над ФК Копенхаген по победата од 2:1 во Данска во првиот меч.

ПретходноФК Вардар со соопштение: Почнува одблокирање на 8 години блокираната клупска сметка
СледноЛазаров: Нема да го потцениме Бриксен, ќе почнеме со најсилен состав!