Вајли: Не ме интересираат математики, очекувам само победа и ништо друго!

196

Македонската кошаркарска репрезентација денеска (19 часот) против Словачка го игра последниот меч од претквалификациите за пласман ан СК 2023 година. Нашите момци треба да ја повторат истата игра од првиот дуел со оваа селекција и како првопласирана екипа во групата Ф да го потврдат своето место во следната рунда, која стартува во ноември.

Џејкоб Вајли знае како треба да одиграме вечерва во решавачкиот натпревар, максимално мотивирано, и пред сè, колективно.

„Нема тука што посебно да се зборува. Треба да продолжиме со игрите од претходните два натпревари. Сите да го вложиме својот максимум од можностите, и со една тимска работа да стигнеме до потцртаната цел. Да го завршиме овој турнир со уште една силна игра, и на првото место“.

Но силното крило на нашиот национален тим знае дека не смее да има никакво олабување против екипата која пред неколку дена ја совладаваме убедливо, со 22. поени разлика.

„Во никој случај, погледнете што се случи на вчерашниот меч со Швајцарија. Тие ги потценија во последниот период и за малку ќе беа казнети. Словаците се доста жилава, еластична екипа, постојано вртат една игра, не се откажуваат од тоа, дури и кога губат. И ние ќе мора да играме заедно и добро во текот на сите 40. минути. Да немаме преголеми падови во играта како на некои од претходните натпревари. Мене не ме интересираат никакви математики. Гледам и очекувам само победа и ништо друго. Тоа е патот до успехот“– смета Вајли пред вечерашниот последен меч на турнирот во Скопје.

ПретходноХаланд се качи на трибини да го оствари сонот на едно детенце (ВИДЕО)
СледноРеал Мадрид и Арсенал конечно постигнаа договор