Јувентус конечно го дочека големото засилување (ВИДЕО)

237
0

Нов член на Јувентус од денеска ќе постане Мануел Локатели кој доаѓа од редовите на Сасуоло.

Репрезентативецот на Италија силно посакуваше да ги засили редовите на „Старата дама“. Преговорите меѓу двата тима траеја долго, по што вчера беше постигнат договор.

Откако Локатели ќе ги мине лекарските прегледи ќе потпише договор до 2026 година. Сасуоло за овој трансфер ќе добие 35 милиони евра, а италијанскиот фудбалер во Јувентус ќе игра како позајмен играч.

 

ПретходноДарко Чурлинов на позајмица во Шалке 04
СледноДевојките на ЖФК Каменица Саса денеска на мегдан со гигантот Јувентус!