Митревски како и секогаш е скромен: Сите се заслужни за победата!

448

Пелистер успеа да дојде до победа за продолжување на сонот наречен – нокаут фаза во Лигата на шампиони. Актуелниот македонски првак синоќа, на домашен терен славеше против Динамо Букурешт со 25-24 и после 12. коло има осум бода исто колку и Висла Плоцк.

Херојот на Пелистер е Никола Митревски, средбата ја заврши со 16 интервенции, една од нив во последните секунди, го фати ударот на Али за реми.

„Им честитам на моите соиграчи и на публиката за фантастичната атмосфера. Динамо е државен проект со дваесетина врвни ракометари. Знаеме дека вложуваат многу и дека се неприкосновени во својата земја, но ние успеавме да ги победиме. 

Сите имаат заслуга за оваа победа, среќни сме што успеавме да ги освоиме бодовите и сега одиме напред, со мислите сме на следниот натпревар против Фуксе во Берлин“, вели Никола Митревски.

ПретходноФенербахче ја доврши работата со Андерлехт, Сосиедад ја покажа силата против Митјиланд
СледноЈокиќ доминираше против Нуркиќ, застрашувачка партија на Леброн (ВИДЕО)