Утре од 18 часот на свој терен, Торино во меч од Серија А го дочекува Милан. За нас е интересно тоа дека најавите се дека нашиот Дијамант, Елиф Елмас, ќе биде стартер на оваа средба. Тоа го најавуваат сите релевантни медиуми во Италија, а тренерот на Торино, Паоло Ваноли на денешниот прес за Елмас истакна:
„Можам да кажам дека Елмас располага со огромен квалитет. Мислам дека направивме добар избор на пазарот. Тој е важен за нас како на технички така и на тактички план. Има проблем со физичката спрема, но и тоа ќе го надмине. Во однос на лидерството јас сметам дека Елмас е лидер, тој знае како да ги поведе своите соиграчи“ посочи Ваноли кој кажа децидно дали Македонецот ќе биде стартер дефинитивно или во текот на мечот ќе добие шанса.