Радивојевиќ од Пелистер во тимот на колото во ЛШ! (ВИДЕО)

115

Ракометарите на Пелистер вчера во меч од Лигата на Шампионите успеаја пред своите фанови да одиграат квалитетно и да слават заслужена победа против силниот состав на Динамо Букурешт.

Сите од ред во редовите на нашиот шампион блескаа, посебно голманот Митревски кој ја имаше една од најдобрите одбрани на колото, потоа и Кузмановски кој го имаше и еден од головите на колото.

Одличната партија на Богдан Радивојевиќ беше наградена со место во идеалниот состав на ова 12.коло во ракометната Лига на Шампионите.

Тој се најде во одбрано друштво.

ПретходноХанси Флик: И судиите се луѓе, и тие можат да погрешат!
СледноПрвиот човек на ФФМ се избори за македонска Арена ТВ! (ФОТО)