Брентфорд го растури Лестер!

96

Лестер – Брентфорд 0:4 е епилогот од вечерашниот меч во рамките на 26.коло во Премиерлигата. Блескава игра и блескава победа на гостите, додека “лисиците“ на свој терен на Кинг Пауер“ стадионот одиграа срамно, па затоа дел од домашните фанови уште по првото полувреме предвреме си заминаа и го оставија својот тим да се мачи со гостинскиот состав.

Инаку се почна во 17.минута кога Виса стрелаше за 0:1. Десет минути подоцна гостите поведоа со 0:2 и тоа со голот на Мбеумо. На пауза се замина со 0:3 и тоа со голот на Норгард во 32.минута.

До крајот стрелаше Карваљо за конечни 0:4 во таа 89.минута.

ПретходноСкандал во Серија А: Лука постигна гол од пенал за Удинезе, ги разгневи соиграчите а тренерот му се налути! (ВИДЕО)
СледноУф, каков пекол за Чоло: Атлетико Мадрид за 37 дена трипати ќе игра со Барса и двапати со Реал! (ФОТО)