Зомер се оперираше и ќе паузира околу еден месец

56

Голманот на Интер, Јан Зомер го оперираше скршениот палец и ќе паузира околу еден месец. Ова го потврди и самиот клуб потенцирајќи дека само на овој начин можело да се реши проблемот со повредата на искусниот голман.

Швајцарецот беше опериран во Институтот Хуманитас Про во Милано, и во следните неколку дена ќе започен со рехабилитацијата.

Првичните прогнози се дека 36. годишниот чувар ќе отсуствува најмалку три недели. За ова време, вториот голман Хосеп Мартинез се очекува да застане под рамката на Интер.

Зомер сигурно ќе ги пропушти натпреварите против Џенова, Лацио, Наполи, Феенорд и Монца, со мала надеж дека ќе биде подготвен за пресметката со Аталанта на 16 март, но поверојатно е дека ќе се врати на теренот само за дуелот со Удинезе на 30 март.

ПретходноВечно дерби бр.175: Партизан со гол од пенал во 90+5. минута дојде до бод на “Маракана“, Димоски остана на клупата!
СледноБраво: Алексовска и донесе уште едно злато на Македонија на ЕП во ММА!