Со головите на Шик и Адли, тимот на Баер Леверкузен денеска забележа уште една победа во тековиот Бундеслига шампионат и на тој начин остана во трката за првото место кое во моментов го држи Баерн.
„Фармацевтите“ одиграа уште еден добар меч во кој што доминираа и во кој што заслужено дојдоа до трите бода со конечните 2:0
Маинц исто така со два гола во противничката мрежа но на домашен терен беше подобар од Сент Паули, а стрелци беа Ли Жае Сунг односно Небел.
Волфсбург и Бохум одиграа 1:1, додека пак Аугзбург стигна до голем триумф во Менхенгладбах со 0:3.