Алкалоид со убедлива победа го завери пласманот во четвртфиналето во ЕХФ Европскиот Куп!

472

Екипата на Алкалоид го потврди местото во четвртфиналето во ЕХФ Европскиот Куп, откако на реванш осминафиналниот натпревар против Бриксен на домашен терен славеше со 38-31 (19-20). Кирил Лазаров и неговите момци противникот на патот за пласман во полуфиналето ќе го дознаат во вторник.

Од стартот на ова натпреварување, Алкалоид има шест победи во низа, по две уште против Вест Виена и Драгунас Клаипеда.

Иван Галевски имаше седум одбрани, Марко Кизиќ шест, Александар Петковски осум гола додека Марко Митев седум погодоци.

Првото полувреме избраниците на Кирил Лазаров го отворија со 4-2, по само три минути игра, две одбрани имаше Иван Галевски. Противникот успеа да се врати во мечот, дури и на момент да го превземе водството, во 10. минута беше 6-7. Сепак ракометарите на Алкалоид со цврста одбрана и неколку контранапади во 18-та минута ја вратија контролата на мечот, имаа водство од три гола (14-11 и 16-13). Лазаров комплетно го промени составот, што пак ја промени сликата на теренот. Бриксен на дело покажа зошто не треба да се потценува, со серија од 5-0 успеа да поведе со плус три (17-20) во 27-та минута. Се вратија Митев и Да Силва, и Алкалоид заигра добро, па одморот Бриксен замина со минимална предност од 19-20.

Во второто полувреме, очекувано, Алкалоид заигра многу подобро, со цврста одбрана и контранапади ги превзема работите во свои раце, на стартот на 43. минута позитивата изнесуваше плус седум 30-23, нешто подоцна беше и 33-25. Тука веќе беше јасно дека овој дуел ќе оди во еден правец, квалитетот кој го поседува актуелниот освојувач на Купот на Македонија дојде до израз.

Комотната разлика беше причина за да Лазаров направи нова ротација во составот со оглед на тоа дека неговите момци ќе имаат само еден за одмор пред дербито против Пелистер во Битола кое се игра во понеделник.

ПретходноБраво: Алексовска и донесе уште едно злато на Македонија на ЕП во ММА!
СледноОхрид со реми на гости кај Пролет, Тиквеш со триумф, Борец и Радовиш одиграа без победник!