Како што дознава Спортмедиа, и официјално е одложен или пролонгиран стартот во двете втори лиги, во западот и истокот. Познато е дека требаше овој викенд на 21 август да стартува сезоната, но од оправдани причини тој е одложен за неколку дена. Клубовите се запознати со оваа одлука, до петок им е даден последен рок за плаќање на котизацијата, а во сабота е планирано и одржување на ждрепката.
Се очекува најдоцна до следниот викенд, односно на 28 август да се одигра 1.коло.
Инаку дали ќе има и оваа сезона две втори лиги, запад и исток, или само една, ќе зависи од тоа до петок колку клубови ќе ја платат котизацијата и колку клубови ќе бидат подготвени за да играат во ВМФЛ.