Алкалоид дојде до победа и на реванш мечот против Бриксен и се пласираа во четвртфиналето во ЕХФ Европскиот Куп.
Актуелниот освојувач на Купот на Македонија и Супер-Купот, во вторник ќе го дознае противникот за пласман во полуфиналето.
По завршувањето на дуелот, голем дел од ракометарите на Бриксен застанаа во редица за да се сликаат со тренерот на Алкалоид и светска легенда, Кирил Лазаров.
Покрај ова на прес-конференција по мечот од таборот на Бриксен не го криеја воодушевувањето од она што го гради Алкалоид.