Со головите на Дани Олмо и Феран Торес, Барселона вечерва како гостин успеа да победи Лас Палмас со 0:2. Ова е значајна победа, значајни три бода па така каталонската гордост сега одново е лидер на табелата и по ова 25.коло.
Не им беше лесно на момците на стратегот Ханси Флик. Домашниот состав пружи силен отпор, имаше и свои закани.
И така беше се до 62.минута кога по асистенција на Јамал, Дани Олмо со помош на пречката постигна убав гол за водство од 0:1.
И кога сите очекуваа крај на мечот, Феран Торес во таа 90+5.минута погоди за конечни 0:2.
Интересно, и Олмо и Торес мораа како резервисти да донесат победа.