Конечно вистинскиот Дончиќ: Словенецот го декласираше Денвер, Јокиќ немоќен (ВИДЕО)

879

Лука Дончиќ во четвртиот настап во дресот на Лејкерси одигра на врвно ниво. Словенецот беше главен лидер на победата на својот тим против Денвер од 123-100, каде целосно го засени Никола Јокиќ. Лејкерси на тој начин ставија крај на двете одлични серии на Нагетс. Ова е нивна прва победа во Денвер по речиси три години.

Дончиќ за половина час игра постигна 32 поени, шутираше 10/22 од поле, а 4/9 од тројка. На претходните натпревари за Лејкерси не се истакна во слободните фрлања, но сега ги погоди сите осум. Тој имаше 10 скока, 7 асистенции и 4 украдени топки.

Статистичарите велат дека ова е првпат, еден шутер на Лејкерс да има вакви бројки по Меџик Џонсон. Дончиќ додаде една блокада, а овојпат ги намали загубените на само еден. Дончиќ во првите три натпревари за Лејкерси имаше просек од 14,7 поени. Го префрли во Денвер по само 10 минути.

Леброн Џејмс за 33 минути постигна 25 поени (11/19 од поле), а придодаде и 9 скока и 5 асистенции. За Лејкерси вреди да се издвои и Остин Ривс, кој за 33 минути постигна 23 поени (7/13) со 7 асистенции.

Главната ѕвезда на Денвер и актуелен МВП на најсилната лига одигра чудна партија, полна со контрадикторности. Јокиќ сезонава по 26-ти пат оствари трипл-дабл, но по негов критериум беше тенок. Тој имаше само 12 поени при лоши 2/7 шут од поле. Но, со 13 скока и 10 асистенции беше најдобриот скокач и додавач во играта. Најефикасен кај Нагетс беше Арон Гордон со 24 поени на 9/15 шут од поле, ​​Мареј додаде 19 со 6 асистенции.

На останатите средби, Бруклин славеше против Филаделфија на гости со 105-103, Јута беше подобра од Хјустон со 124-115, додека Портланд заапиша убедлив триумф пред своите фанови против Шарлот од 141-88.

ПретходноНовицки за Дончиќ: Никогаш нема да бидам фан на ЛА Лејкерс, но секогаш ќе бидам фан на Лука!
СледноАдеми по срамниот пораз на Динамо: Мораме да ги покриеме ушите!