Ријека му нанесе тежок пораз на Динамо во рамките на 23. коло од СуперСпорт ХНЛ, откако славеше со убедливи 4-0. Тимот од Риека ја задржа предноста од еден бод пред Хајдук, додека седум бода пред третопласираниот Динамо за кого настапуваат македонските репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми.
За Динамо Загреб овој пораз е срамен, Адеми по мечот беше искрен:
“Мораме да ги покриеме ушите и да продолжиме. Мора да работиме уште повеќе, нема откажување. Секоја година сме мотивирани да ја земеме титулата, вклучително и оваа. Можеби сме во нокдаун, но можеме да излеземе од него.
Динамо од 38. минута играше со десетмина бидејќи Вилфрид Канга доби жолти картони во 30. и 38. минута. На секој натпревар мораме да бидеме уште подобри во однос на енергијата, тоа е клучот за се. Сите знаеме да играме, но енергијата ја носи титулата“, заклучи Адеми.