Андреј Јакимовски повторно не доби дозвола од неговиот тим да натсапи во дресот на македонската кошаркарска репрезентација, овој пат на важниот дуел против Естонија, на кој „црвено-жолтите“ беа убедливо поразени и останаа без шанси за враќање на Европските првенства.
Тој синоќа одигра одличен меч во дресот на Колорадо, кој славеше со 76-74 против Бејлор. Нашиот кошаркар постигна 17 поени, 15 од нив ги постигна од линијата за три поени. Зад своето име заспиша седум скока и пет асистенции.