Пред стартот на денешниот меч во ПМФЛ шампионатот помеѓу екипите на Шкендија и Силекс во Тетово, домаќинот приреди мини свеченост. На истата беше испочитуван сега веќе екс капитенот на Шкендија, и некогашен репрезентативец на Македонија, Ферхан Буба Хасани кој што и официјално се прости од активното играње.
Покрај тоа, за сеуште активниот капитен, Бесарт Ибраими, клубот подготвки врамен дрес со број 150, како знак за постигнатите голови на Ибраими во дресот на Шкендија.