Очигледно дека тимот на Работнички е еден од ретките сезонава во ПМФЛ шампионатот кој што држи резултатска константа. Еднсотавно момците на Горан Станиќ знаат што прават на терен, и оние бодови кои што некако однапред им се впишани на контото, знаат и во пракса да ги заработат.
Денеска тоа го сторија против тимот на Воска. Екипа која што е последнопласирана, а таквите се најтешки за добивање. Екипи што едноставно нема што да загубат во моментов, туку на секој меч одат на се или ништо.
Овојпат на охриѓани патот до Скопје не им се исплатеше. Рушевиќ го постигна единствениот гол денеска на Арената доволен за минимален триумф. Работнички е на само три бода од првото место кое што го држи Шкендија во моментов, а многу лесно може да се случи овие две екипи да ги променат позициите.