Олександар Петраков е новиот селектор на Украина. Искусниот стратег, кој со младата селекција на својата земја до 20 години, стана и светски првак, е наследникот на Андриј Шевченко. Да потсетиме дека токму со Шевченко, селекцијата на Украина ја победи Македонија на ЕУРО, во меч од групната фаза.
Именувањето на Петраков е мало изненадување во јавноста на Украина, со оглед на тоа дека се најавуваа многу позвучни имиња, сепак Фудбалската федерација на Украина се одлучи за него.