ПСЖ е МАШИНА: Тимот на Луис Енрике го “среди“ и Лион и маршира кон нова титула!

74

ПСЖ во последно време прераснува во вистинска фудбалска машина. Буквално сее страв пред се во Лига 1, каде вечерва во некогаш големото дерби, како гостин го победи Лион со 2:3. Ова беше 18 победа во изминатите 23 кола, има уште пет ремија и е без пораз, па така со 59 бода сега е на +13 пред вториот Марсеј.

Нема сомневање дека четата на стратегот Луис Енрике и оваа година ќе биде шампион во Франција, а Ливерпул нека биде внимателен во 1/8 финалниот двомеч во ЛШ.

Лион даде се од себе, но толку беше силата пред разиграните “светци“ од Париз.

Интересно сите пет голови паднаа во второто полувреме. Серијата ја отвори Хакими во 53.минута. Шест минути подоцна фантастичниот Дембеле зголеми на 0:2. Черки намали на 1:2, за да Хакими со својот втор гол во таа 85.минута повторно ја зголеми предноста на 1:3. Лион во судиското продолжение прелку Толисо успеа само да го ублажи поразот за конечни 2:3.

ПретходноВлаховиќ му донесе победа на Јуве! (ВИДЕО)