Уште еден наш интернационалец викендов беше стрелец за својот тим. По малку заборавениот некогашен У21 репрезентативец на Македонија, Даниел Крезиќ погоди за својот тим Одеволд во ремито 2:2 против Дјургарден.
Домашните по само десет минути имаа 2:0, но на крајот мораше да се задоволат само со бод.
Крезиќ имаше доста ветувачка кариера на самито старт во тимот на Хакен, и имаше запазена улога во У19 и У21 селекциите на Македонија. Потоа потешко се повреди и долго време ја бараше старата форма.