Лисолајски со Австралија во полуфиналето од У20 купот на Азија

165

Во моментов е во тек У20 купот на Азија на кој што селекцијата на Австралија има серизна шанса истиот да го освои. Во полуфиналето кое се игра задутре, на 26. ќе се сретне со репрезентацијата на Јапонија, а доколку победи ќе го чека противникот од двомечот Саудиска Арабија и Јужна Кореја.

Во составот на Австралија со добра минутажа е левиот бек Зак Лисолајски, играчот на Перт Глори кој што е еден од нашите приоритети за во иднина.

Репрезентативецот на Австралија, има потекло од битолско, од село Лисолај, а ние според информациите на Спортспорт наскоро ќе трнеме во офанзива за негово доведување. Покрај Лисолајски, во оваа генерација на Австралија игра и Медин Мемети кој што според нашите информации има потекло од Кумановско.

Покрај нив таму ги имаме и Даниел Грашкоски, Кејн Размоски, Џејк Најдоски…

 

 

 

ПретходноФОТО НА КОЛОТО: Седло “стави“ печат на оставката на Ќато!
СледноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Гоце Седлоски (Вардар)