Судии за Куп 1/4 финале: Трпчевски ќе им суди на Струга ТЛ и Гостивар!

563

Во среда се играат натпреварите од 1/4 финалето во Купот на Македонија. Познати се и судиите за овие четири средби.

Во Струга, каде играат се очекува да биде најинтересно, каде играат Струга ТЛ и Гостивар, главен судија ќе биде Стојанче Трпчевски од Кавадарци.

На Градски во Скопје судијата Фуркан Идризи од Тетово ќе ја дели правдата на средбата Вардар – Силекс.

Во продолжение можете да ги видите двојките и судиите на овие четвртфинални средби во Купот на Македонија.

ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 1/4 ФИНАЛЕ ВО КУПОТ – СРЕДА (14 Ч)

Струга: Струга ТЛ – Гостивар (Стојанче Трпчевски – Кавадарци)

Радовиш: Детонит – Шкендија (Александар Грујоски – Кичево)

Струмица: Брера – Арсими (Стојанче Стојанов – Штип)

Скопје: Вардар – Силекс (Фуркан Идризи – Тетово)

ПретходноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Гоце Седлоски (Вардар)
СледноИднината на женската одбојка викендов на собир во Скопје