Аргентинскиот напаѓач Родриго Паласио нема да се пензионира, туку се одлучи за нова авантура. Иако има 39 години, сепак, нема намера да го остави фудбалот, а денеска потпиша договор до јуни 2022 година со италијанскиот второлигаш Бреша.
Паласио има 27 натпревари за Аргентина, а остави длабок белег во аргентинскиот и италијанскиот фудбал. Играше за Банфилд, потоа четири години за Бока Јуниорс од каде замина во Италија, прво во Џенова (2009-2012), потоа во Интер (2012-2017). По завршување на договорот со Интер, продолжи во Болоња каде остана четири сезони.
И покрај возраста, не се предава, ќе им помогне на „лавовите“ да се вратат во Серија А.