Кошаркарите на ЛА Клиперс се вратија на победничките патеки откако претходно претрпеа три порази во низа. Тие го совладаа Чикаго со 122-117.
Најдобар играч кај победничкиот тим беше Харден, кој постигна 30 поени и успеа да погоди седум тројки. Една од нив беше најважната, со кој ја запечати победата на својот тим во самата завршница од натпреварот.
Важна улога во победата на својот тим имаше и Богдан Богдановиќ кој постигна 14 поени и реализираше четири тројки од пет обиди.
Покрај нив двајца, Амир Кофи додаде 20, Кавај Ленард 17, со осум скока и четири асистенции, а Дерик Џонс 16 поени. Кај Булси, Зек Колинс имаше 21 поен, 17 скока и седум асистенции.
Клиперси сега имаат скор 32-26, додека Булс 23-36.
НБА, резултати:
Детроит – Бостон 117:97
Индија Пејсерс – Торонто Рапторс 111:91
Њујорк – Филаделфија 110:105
Вашингтон – Портланд 121:129
Бруклин – Оклахома 121:129
Мајами Хит – Атланта 131:109
Чикаго – ЛА Клиперс 117:122
Јута Џез – Сакраменто 101:118
Хјустон – Сан Антонио 118:106