Директорот на Јувентус, Кристијано Џунтоли прашан за позицијата на тренерот Тиаго Мота по елиминацијата од Купот на Италија, вели дека засега се останува како што беше и досега, со тоа што притисокот е да се обезбеди место во Лигата на шампионите следната сезона.
„Се согласуваме со она што го кажа тренерот. Овој настап беше неприфатлив. Ние, тренерот и тимот, сите сме убедени во тоа. Утрово разговаравме со претседателот Фереро со чист ум. Јасно е дека и тренерот и играчите треба да направат многу повеќе за да обезбедат пласман во Лигата на шампионите. Веруваме во проектот што започна ова лето. Тоа е проект кој создава вредност нудејќи им можности на многу млади играчи и убедени сме дека ќе ни донесе големо задоволство во иднина. Мота не е за дискусија“, вели Џунтоли.
Јувентус моментално е четврти во Серија А, што би било доволно за пласман во Лигата на шампионите.