„Билд“: Ливерпул има контакт со Џошуа Кимих

138

На Ливерпул не му преостанува ништо друго, освен да бара адекватна замена за Трент Александер-Арнолд, кој повеќе од сигурно летово заминува во Реал (М). Според англиските медиуми „црвените“веќе се поврзуваат со неколку потенцијални нови засилувања кои може да се преселат на „Енфилд“, а едно од нив е Џошуа Кимих, ѕвездата на Баерн Минхен, кому му истекува договорот во текот на летото. Ливерпул уште сега почнал со операција да го донесе Кимих на „Енфилд“ како слободен агент, па во текот на наредните неколку месеци ќе ги стави сите карти за неговиот трансфер на маса.

Според германскиот весник „Билд“, Баерн ја повлекол понудата за нов договор со Кимих, откако не добил дефинитивен одговор од играчот за нивниот предлог. Легендарниот германски клуб е во прашалници, зошто Кимих не дал јасен одговор на понудата за нов договор. Новинарот на весникот претпоставува дека агентите на Кимих сега ја разгледуваат опцијата за трансфер во Ливерпул.

ПретходноЊукасл се сели од Англија?!
СледноТодороски постигна гол за ТСЦ во победата над Чукарички