Нејмар: Реал ми нудеше бланко чек, ама јас сакав само во Барса! Го советував Меси како да изведува пенали!

180

Во јули 2013 година Нејмар од Сантос направи трансфер во Барселона. Тогаш младиот Бразилец беше еден од најпосакуваните напаѓачи во светот. Сите големи клубови го посакуваа во своите редови, ама успеа да го добие Барселона.

Сепак малку недостигало историјата да била поинаква. Имено Нејмар тогаш би можел да заврши и во Реал Мадрид:

Реал Мадрид ми понуди бланко чек. Ми кажаа дека можам да имам се што ќе посакам, но моето срце ме однесе во Барселона. Ќе заработев трипати повеќе пари во Реал, но јас сакав само во Барса. Флорентино Перез ме сакаше, но таму беше Роналдо а јас сакав да играм со Меси“ посочи Бразилецот кој сега е во Сантос.

Тој напомена и за една случка околу тоа кога го советувал Лео Меси како да изведува пенали:

Бевме на тренинг и шутиравме пенали. Меси ме праша како тоа го правам, на тој начин? Јас му реков дека е луд, ако можам јас секако дека може и тој. Секако дека му дадов совет, потоа се беше полесно за него“ дополни Нејмар.

Претходно“Бомба“: Алварез во јуни прави трансфер во Барса?!
СледноКонсеисао: Ако повеќе не сум му потребен на Милан, ќа ги спакувам куферите и ќе си одам!