“Специјалниот“ на лето добива уште една голема ѕвезда во Фенербахче?!

321

Се чини дека екс-југословенската колонија во Фенербахче на лето ќе се зголеми. Покрај Џеко, Тадиќ, Костиќ и Ливаковиќ, се чини дека гигантот од Истанбул на лето ќе го добие и Матео Ковачиќ. Хрватот има намера по завршување на сезонава да си оди од Манчестер Сити, а и Пеп Гвардиола не смета на него, па така Жозе Мурињо ќе добие екстра играч во средниот ред. Ковачиќ важи за играч кој ја освојувал Лигата на Шампионите, а пред да дојде на Итихад“, го носеше дресот и на Динамо Загреб, Интер, Реал Мадрид, Челзи.

Се разбира дека со Ковачиќ тимот на Фенербахче, тимот на “Специјалниот“ и тоа како ќе биде засилен.

Овој најавен трансфер по малку е изненадувачки, ако се знае дека неколку големи клубови од Англија и Шпанија пројавија интерес за хрватскиот репрезентативец.

ПретходноВардар мора да плати 2.500 евра за употреба на пиротехника од страна на неодговорни навивачи! (ФОТО)
СледноГолемо благодарам од ЦСКА Москва за Ц. Звезда! (ФОТО)