Валверде е дефинитивно во „аут“ за дуелот со Бетис

164

Денеска тренерот на Реал Мадрид се појави на официјалната прес конференција пред викенд дуелот со Бетис. Искусниот стратег влезе во конверзација со јавноста на повеќе теми, а се задржа на ситуацијата со Валверде. Сестраниот играч дефинитивно нема да биде во комбинација за мечот викендов.

„Тој не е повреден, ниту пак ова е планиран одмор. Има мали болки, не се опорави добро и нема да биде во тимот за Бетис. Но ќе игра на следниот натпревар против Атлетико“, изјави Анчелоти па продолжи. 

Сепак, тој призна дека ќе се почувствува отсуството на Дани Себаљос. „Жал ни е за Себаљос бидејќи тој многу му помогна на тимот со своето присуство, фудбал и дистрибуција. Но како и секогаш, ќе најдеме решение“, рече Анчелоти, па се префрли на критиките кон Камавинга.

„Некои забораваат дека играше како стартер во финалето на Лигата на шампионите, покрај Крос“, се сеќава тој.

“Повеќе ме загрижува формата на Бетис отколку отсуствата во нашиот тим. Но, има едно отсуство кое не боли, а тоа е Белингем, кој неправедно е надвор од игра”, смета Анчелоти за казната на англискиот репрезентативец. Килијан Мбапе исто така е во комбинација. 

 

 

ПретходноХутер најбрза на денешниот спуст
СледноЛеклер беше најбрз на утринската сесија од претсезонското тестирање во Ф1