Мурињо со тужба до Галатасарај

135

Португалскиот стратег и тренер на Фенербахче, Жозе Мурињо ќе поднесе тужба против Галатасарај. Имено Португалецот беше обвинет дека „не го почитува турскиот народ“ и дека е расист.

Поради овие обвиненија Мурињо беше казнет со 4 натпревари суспензија и парична казна од 42 илјади евра. Тренерот на Фенер ќе го тужи Галатасарај за морална штета и ќе се обиде да добие компензација од околу 2 милиони турски лири.

Доколку турскиот суд пресуди дека Мурињо е во право, тогаш Галатасарај ќе мора да му исплати околу 50 илјади евра.

ПретходноМаџунков успешно опериран, се враќа за шест недели
СледноЛука Петровиќ е ново име во МКК Куманово