Борко Ристовски: Благодарност до Мукаетов за сето она што го направи за ракометот!

194

Пред почетокот на Изборното Собрани на кое РФМ ќе добие нов претседател со обрати Министерот за Спорт, Борко Ристовски, кој јавно му се заблагодари на Живко Мукаетов за сето она што го има направено во изминатите 12 години.

Тој посака и во иднина да соработуваат со Мукаетов во едно поинакво поле во спортот, бидејќи луѓе како Живко му се потребни за македонскиот спорт. Ристовски на член на македонската репрезентација имаше на дело да види како се работи професионално.

„Благодарност до Живко Мукаетов за сето она што го направи во ракометот, финансиските средства се важни, но за мене поважно е времето кое го посвети, знаеме дека времето е најважно. Би сакал во иднина да соработуваме за спортот, на некое ниво, во некој друга спортска иституција. Веќе разговаравме за некои работи, како Министерство за спорт сме подготвени дадеме помош за изградба на спортска сала заедно со ракометна федерација“, им се обрати Ристовски на присутните на Изборното Собрание. 

ПретходноИнзаги: Не ни оди толку добро на големите натпревари како во претходните години
СледноФутсал репрезентацијата ги започнува подготовките за дуелите со Холандија и Андора!