Лука Карабатиќ става крај на репрезентативната кариера

51
Фото: ИХФ/Колектиф

Двојниот светски и европски шампион, олимписки шампион, Лука Карабатиќ (36 години) објави крај на својата репрезентативна кариера која траеше 14 години и ја одбележаа 172 настапи (182 гола). Оваа информација ја потврди француската ракометна федерација.

 „Минатата сезона, кога брат ми Никола објави крај на кариерата во францускиот тим, ме натера да размислувам. Никогаш не си го поставив прашањето, но потоа почнав да се прашувам: „А ти Лука, каде си?“ По Игрите, имаше генерациско обновување со неколку заминувања, а потоа набргу по она на Тимотеј Н’Гесан. Кога се вратив на тренинзите во ноември минатата година, сфатив дека многу познати лица повеќе ги нема. Ова ме поттикна уште повеќе да се преиспитувам себеси. По неуспехот на Игрите, не сакав да завршам со горчлива нота. Сè уште имав можност да играм на последното големо натпреварување и да се обидам да ја завршам оваа авантура на висока нота. Тогаш се оформи мојата одлука“, порача Карабатиќ, кого ќе го гледаме во дресот на ПСЖ и следната сезона. 

ПретходноПелистер на рутина против Радовиш
СледноИнзаги: Се соочивме со противник кој игра остро, момците дадоа се од себе