Фудбалерите на Рома со пресврт го совладаа Комо со 2-1 во натпреварот од 27. коло во италијанската Серија А. По првото полувреме, екипата на Комо изненади и успеа на пауза да замине со предност од 0:1, откако Лука де Куња погоди во 44. минута.
Во вториот дел Алексис Салемакерс (1:1) и Артем Довбик (2:1) направија пресврт и го донесоа четвртиот последователен триумф за „волчицата“, кој ја носи на осмото место со 43 освоени бода.
Standings provided by Sofascore