ФА куп ждрепка: Манчестер Сити против Борнмут, Фулам во лондонско дерби

244

Вечерва беше извршена ждрепката за четвртфиналето на ФА Купот, во која Манчестер Сити за противник го доби Борнмут. Покрај овој дуел, ќе гледаме и една лондонска пресметка меѓу Фулам, кој вечерва го исфрли бранителот на титулата Манчестер Јунајтед, и Кристал Палас. Лондонското дерби ќе се игра на теренот на Фулам.

Астон Вила ќе се соочи со Престон, а во последното четвртфинале Брајтон ќе се соочи со победникот од мечот меѓу Нотингем Форест и Ипсвич, кој се игра во понеделник навечер.

ПретходноГОК Борец го доби дербито со Работнички во 5. коло од плеј-офот
СледноМарк Маркез со победа на Тајланд ја отвори новата Мото ГП сезона