Лацио во самиот финиш го совлада Милан

89

Фудбалерите на Лацио ја совладаа екипата на Милан со резултат 1:2 во вечерашниот натпревар од 27-то коло од италијанската Серија А.

Резултатот во дербито го отвори Закањи со погодок во 28-та минута. Страхиња Павловиќ доби директен црвен картон во 67-та минута и го остави својот тим со играч помалку во преостанатите 20 минути од натпреварот. Сепак, во 85-тата минута Чуквуезе постигна погодок за изедначување и за „спас“ на домашниот тим. Во 97-та минута Лацио доби пенал кој во погодок го претвори Педро.

Со овој триумф Лацио се наоѓа на 4-тата позиција со 50 бода, а Милан се наоѓа на 9-тата позиција со 41 бод.

ПретходноЊукасл ќе остане без еден од најдобрите играчи за финалето со Ливерпул?
СледноМареска ќе остане во Челзи, без разлика на пласманот на крајот на сезоната