Манчестер Јунајтед беше елиминиран во осминафиналето на ФА Купот од Фулам, по лошото изведување пенали. По мечот, пред новинарите застана тренерот на „црвените ѓаволи“, Рубен Аморим и даде многу бизарна изјава.
„Целта е да ја освоиме англиската Премиер-лига. Знам дека губиме натпревари и трофеи оваа сезона. Велам, не знам колку време ќе биде потребно, но нашата крајна цел е да го освоиме трофејот во Премиер лигата“, изјави Аморим.
Изјава која навистина привлекува внимание, а веќе наиде на бурни реакции од фановите на социјалните мрежи.
Манчестер Јунајтед моментално се наоѓа на мизерното 14. место во Премиер-лигата. Единствената надеж на „црвените ѓаволи“ за трофеј оваа сезона е Лигата на Европа, каде за четири дена ги очекува осминафинале против Реал Сосиедад.










