Филип Милошевски: Се надевам и верувам дека и понатаму со напорна работа, ракометот ќе биде спорт број 1 во Македонија

343

Филип Милошевски во изминатите 12 години ја извршуваше функцијата на генерален секретар во Ракометната Федерација на Македонија. Заедно со Живко Мукаетов во период од три мандати ја издигнаа федерацијата, поставија цврсти темели и го направија ракометот да биде спорт 1 во Македонија. Денеска неговиот мандат и официјално заврши. Милошевски доби благодарница од новото раководство на седницата на Управниот Одбор, по која се огласи на социјалните мрежи. Во целост ви го пренесуваме неговото обраќање.

Почитувани Пријатели.

„Ве информирам, мандатот на функцијата Генерален Секретар на РФМ го завршувам со денешниот ден. Чест, привилегија и задоволство е да се биде близок соработник со г-дин Живко Мукаетов, кој за мене лично е пред се визионер, одличен ментор и вистински лидер, кој несебично се вложува во секој сегмент во работењето, благодарам. Во 12. години поминати во институцијата РФМ посветивме многу внимание и труд на сите задачи и предизвици, го дававме максимумот за унапредување и функционирање во сите сегменти на ракометниот спорт, се надевам и верувам дека и понатака со напорна работа, ќе биде спорт број 1 во Македонија. Благодарност до сите колеги во канцеларијата на РФМ и соработници. Останувам во енергетиката каде сум присутен скоро 25 години, а воедно упатувам благодарност и до мојот претпоставен г-дин Андреја Јосифовски кој ми даваше подршка за време на ангажманот во РФМ .  И секако, големо благодарам до моето семејство за подршката во изминатите 12 години. До следните предизвици, секогаш со срце за Македонија. Спортски поздрав”, се огласи Филип Милошевски.

ПретходноБарселона нема да се врати на Камп Ноу оваа сезона
СледноВМФЛ 19. КОЛО: „Лавовите“ им се вратија на победите, Башкими триумфално низ Струмица